сабота, ноември 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Автомобил се движеше во спротивна насока на „Партизанска“ во Скопје/ВИДЕО

Автомобил се движеше во спротивна насока на „Партизанска“ во Скопје/ВИДЕО

0
Фото: Принтскрин / Икс/@i_najubaviot_

Видео на кое се гледа автомобил како се движи во спротивна насока на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје е објавено на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како возилото се движи среде булевар, а во еден момент, возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, по што повторно забрзува и продолжува да се движи во спротивна насока.

Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи, особено поради опасноста од ваквото однесување во сообраќајот и ризикот од директен судир со останатите учесници.

ИЗДВОЕНИ