Шеесет и седумгодишниот И.Б. од Охрид го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вчера претпладне, околу 11:30 часот, на улицата „15 Корпус“ во Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, тој изгубил контрола додека управувал мопед со охридски регистарски ознаки и паднал на коловозот. Од здобиените повреди починал на самото место, а лекар од Итната медицинска помош само констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а на местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид и јавен обвинител.












