петок, септември 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Повлечено ограничувањето за бесплатен влез на скопскиот аеродром

Повлечено ограничувањето за бесплатен влез на скопскиот аеродром

41

ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во зоната „Хаг енд флај“ на Меѓународниот аеродром Скопје, во период од 24 часа. Одлуката доаѓа откако комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на анализата на условите и режимот за користење на зоната „Хаг енд флај“ на Меѓународниот аеродром Скопје и од ТАВ Македонија побараа дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното ограничување на бесплатниот пристап.

– По доставеното барање, ТАВ Македонија ја извести Комисијата дека ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во период од 24 часа. Комисијата ја поздравува одлуката на ТАВ Македонија за повлекување на мерката и ќе продолжи да ги следи состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот – информираат од комисијата за одлучување по прекршок при КЗК.

ИЗДВОЕНИ