Најмалку две лица загинаа, а неколку патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во југоисточна Бугарија, во близина на граничниот премин Мало Трново.
Шест тешко повредени лица се однесени во болниците во Бургас, додека уште десет лица се згрижени во Итната медицинска помош во Малко Трново. Сите повредени се извлечени од возилото.
Во автобусот имало вкупно 39 украински државјани — 37 патници и двајца возачи, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас. Според локалните власти, автобусот застанал на средина од патот бидејќи му снемало гориво. Според градоначалникот на Мало Трново, возилото потоа почнало да се движи наназад и да се превртува, што довело до трагедијата.
До момента шест души са транспортирани към здравни заведения в Бургас, а десет души са откарани в центъра на “Бърза помощ” в Малко Търново.https://t.co/THOULmx2Xa
— News Agency BGNES (@BGNES) April 22, 2026
Полицијата и брзата помош брзо интервенирале на местото на настанот, а повредените биле однесени во болница во Бургас. Некои од патниците биле привремено згрижени во локален центар за дневна грижа.
Надлежните органи во моментов спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности што довеле до несреќата.
🚑Автобус се е преобърнал тази сутрин на пътя в посока ГКПП “Малко Търново”, съобщи кметът на града Илиян Янчев за БТА.
Има загинали, поне двама, каза Янчев.
Пострадалите са транспортирани с линейки към Бургас. Друга част от пътниците са в Малко Търново.https://t.co/DbfPYjU1fN pic.twitter.com/uKvm4a55ey— Българска телеграфна агенция (@BTAnewsBG) April 22, 2026












