петок, јуни 19, 2026
Дома БАЛКАН Трагедија на Јадранот: Се удавија две девојчиња

Трагедија на Јадранот: Се удавија две девојчиња

1

Голема трагедија се случи на плажата Тале, во близина на Лежа во Албанија, каде што две малолетни девојчиња го загубија животот откако се удавија во морето.

Според прелиминарните информации, жртвите, на возраст од 11 и 13 години, биле на дел од плажата без надзор, односно без присуство на спасувачи.

Се сомнева дека влегле во водата, но не успеале да излезат.

Нивните тела се извлечени од морето и пренесени во Регионалната болница во Лежа за понатамошни постапки.

Во меѓувреме, полицијата излегла на местото на настанот и започнала истрага за да ги утврди сите околности на оваа трагедија, објавува Indexonline.

ИЗДВОЕНИ