петок, јуни 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пожар кај ПМФ: Запалена сува трева во паркот Гази Баба

Пожар кај ПМФ: Запалена сува трева во паркот Гази Баба

15

Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори трева, екипите се на терен и се очекува набрзо да го изгаснат.

„Денеска во 19:15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112, е добиена пријава за пожар на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба. Гори ниска вегетација. За настанот се известени екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои се упатени на терен за интервенција“, велат од ЦУК.

ИЗДВОЕНИ