петок, јуни 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Хаос кај Стража: На семафорот се чека повеќе отколку на грчка граница/ФОТО

Хаос кај Стража: На семафорот се чека повеќе отколку на грчка граница/ФОТО

1
Фото: vecer.press

Огромни сообраќајни гужви попладнево се создадоа кај семафорот на патниот правец Гостивар – Стража, каде што возачите чекаат речиси еден час за да поминат низ оваа критичната точка, особено во петок попладне.

Револтирани граѓани велат дека повеќемина од нив ја пријавиле состојбата во полиција, по што добиле одговор дека ќе биде испратена екипа на терен. Сепак, според граѓани кои се заглавени во гужвата, полициска екипа сè уште не пристигнала за да помогне во регулирањето на сообраќајот.

Возачите посочуваат дека ваквиот метеж е чест проблем за време на викендите, особено во петок попладне кога голем број граѓани патуваат кон туристичките места, како и во недела при враќањето.

Граѓаните бараат полицијата редовно да биде присутна на оваа делница во петок попладне и во недела, кога сообраќајот е најинтензивен, со цел да се овозможи побрз проток на возилата и да се избегнат повеќечасовни колони во двата правци.

ИЗДВОЕНИ