вторник, јуни 30, 2026
Дома КУЛТУРА Традиционалната изложба на ДЛУМ „Поместени граници“ во Уметничката резиденција „Македонида“/ФОТОГАЛЕРИЈА

Традиционалната изложба на ДЛУМ „Поместени граници“ во Уметничката резиденција „Македонида“/ФОТОГАЛЕРИЈА

0
Вечерва, 30 јуни, во 20.30 часот во Уметничката резиденција „Македонида“ свечено беше отворена традиционалната изложбана ДЛУМ „Поместени граници“ чиј организатор е Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а која годинава се реализира како резиденцијален престој во текот на јуни и јули во Уметничката резиденција „Македонида“ ( семејна куќа на ул.„Атинска“ бр. 2, во скопската населба Тафталиџе).
Кураторка на оваа изложба чиј концепт со наслов „Разбудени сеќавања“ е насочен кон индивидуалните мемории е историчарката на уметност Гордана Велков, а посетителите до 02 јули ќе можат да ги видат делата на уметниците: Маја Гечиќ – Белград, Р. Србија, Ивана Настески, Зулејха Зибери, Ана В’чкова, Елена Гелева, Нина Богуновиќ, Душан Георгиевски, Енеса Мемети, Давор Кешќец, Вук Митевски и Стефан Анчевски.
Изложбата „Поместени граници“ која е дел од годинешното „Скопско лето“, традиционално ги обединува современите уметнички практики што ги истражуваат актуелните индивидуални и колективни искуства преку визуелниот израз. Ги преиспитува постојните уметнички пристапи и поттикнува нови, нестандардни начини на создавање ликовно дело.
Фото:П.Стојановски

ИЗДВОЕНИ