вторник, август 4, 2026
Дома МАГАЗИН Топлотниот бран и лековите: Што треба да знае секој пациент?

Топлотниот бран и лековите: Што треба да знае секој пациент?

1

Високите температури можат да влијаат и на организмот и на дејството на лековите, зголемувајќи го ризикот од дехидратација, вртоглавица, несвестица и други несакани ефекти. Посебно внимателни треба да бидат лицата кои земаат диуретици, лекови за висок крвен притисок, антидепресиви и други психијатриски лекови, како и пациентите со срцеви заболувања, астма, дијабетес или бубрежни болести.

Знаци на дехидратација се силна жед, главоболка, замор, вртоглавица, конфузија и темна урина. Топлината може да ја намали ефикасноста на лековите, особено на инсулинот, некои инхалатори и антибиотските сирупи, па затоа тие треба да се чуваат според упатството, на ладно и суво место, далеку од сонце и високи температури.

Одредени антибиотици, антифунгални лекови, диуретици, антидепресиви, лекови за акни и метотрексат можат да ја зголемат чувствителноста на кожата на сонце, па се препорачува избегнување директно изложување, носење заштитна облека и користење крем со заштитен фактор SPF 30 или повисок.

Лекарите советуваат пациентите никогаш самостојно да не ја прекинуваат или менуваат терапијата. За време на топлотни бранови, особено ако земаат повеќе лекови или имаат хронични заболувања, треба да се консултираат со лекар или фармацевт, да внесуваат доволно течности според препораките и да побараат медицинска помош доколку симптомите се влошат.

ИЗДВОЕНИ