вторник, август 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тетовец пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони...

Тетовец пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари, па признал дека измислил

0

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово поради сомнение дека лажно пријавил кражба и сторил кривично дело „Лажно пријавување кривично дело“.

Според пријавеното, на 3 март 2026 година Т.М. во СВР Тетово пријавил дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите баба и дедо му одзеле пари во износ од околу 3,5 милиони денари.

По преземените мерки и извршените проверки, полицијата утврдила дека пријавата била лажна.

Поради тоа, против 28-годишникот е поднесена кривична пријава.

ИЗДВОЕНИ