вторник, август 11, 2026
Дома МАГАЗИН Згодната Скопјанка Ева Величковска ќе ја претставува Македонија на Изборот за Мис...

Згодната Скопјанка Ева Величковска ќе ја претставува Македонија на Изборот за Мис на светот 2026

1

На 5-ти септември во далечен Вијетнам ! Дваесетгодишната Ева Величковска од Скопје ќе ја претставува Македонија на Изборот за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам. Ова го објави организацијата „Мис Македонија“, носител на лиценцата за националниот избор. Изборот во Вијетнам ќе биде 73. издание на Мис на светот. Самиот Изборот постои од 1951 година, а оваа година се одбележуваат 75 години од основањето. Беа направени само двогодишни паузи и временски поместувањата за време на светската здравствена ковид-пандемијата.

-Патот до Мис на светот 2026 започнува. Со гордост ја најавуваме нашата претставничка, Ева Величковска, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот светски Избор на женската убавина, оправдано гордо објавија од „Мис Македонија“.

Величковска е студентка на Славјанскиот универзитет во Скопје и годинава ќе ја наследи Чарна Невзати, која лани ја претставуваше Македонија на светскиот Избор за Мис, во Индија. Големото Финале е закажано за 5 септември.   (фото:приватна архива)

ИЗДВОЕНИ