четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Темпрана бомба во Медитеранот: Погоден руски танкер може да експлодира во секој...

Темпрана бомба во Медитеранот: Погоден руски танкер може да експлодира во секој момент/ФОТО

282
screenshot X

Руски танкер што носи течен природен гас, напуштен и со голема дупка во трупот, неконтролирано плови во Медитеранот, предизвикувајќи стравувања од „голема еколошка катастрофа“.

Официјални лица предупредија дека бродот, кој е дел од таканаречената „флота во сенка“ на Русија, може да експлодира во секој момент, објави Би-Би-Си.

Италијански функционер го нарече танкерот „Арктик Метагаз“ „еколошка темпирана бомба“ што само не експлодирала. Италија е една од деветте земји на Европската Унија што испратија заедничко писмо до Европската комисија, во кое бараат итна акција. Секретарот на италијанскиот Совет на министри, Алфредо Мантовано, изјави за Радио 24 дека ризиците се „огромни“ и предупреди дека бродот може да „експлодира во секој момент“.

Танкерот наводно превезува „значајни“ количини течен природен гас (LNG), а официјален претставник во Рим потврди за Би-Би-Си дека бродот превезувал и 450 тони мазут и 250 тони дизел.

„Арктик Метагаз“ моментално плови на југ, подалеку од италијанските води и островот Лампедуза кон Либија, додека италијанските и малтешките власти ги следат неговите движења. Во вторник попладне, тој беше на околу 45 наутички милји од италијанските територијални води.

ИЗДВОЕНИ