недела, октомври 25, 2026
Дома БАЛКАН Хрват во притвор на Малта поради шега за „бомба во својот багаж“

Хрват во притвор на Малта поради шега за „бомба во својот багаж“

0

Шеесет и едногодишен хрватски државјанин е уапсен на Малта откако спомнал бомба за време на расправија со персоналот на „Рајанер“, во врска со неговиот преголем рачен багаж.

Инцидентот се случил во петокот, додека патникот чекал да се качи во авионот. Кога вработените во авиокомпанијата го известиле дека неговата торба ги надминува дозволените димензии, тој прокоментирал: „Не е дека има бомба внатре“. Потоа бил уапсен и веднаш изведен пред суд, пренесува Index.hr.

На почетокот на рочиштето, мажот првично изразил желба да признае вина. Сепак, откако судијката му поставила прашања, тој признал дека не ги разбира целосно последиците од таквото признание, напоменувајќи дека првпат се наоѓа на суд. Како резултат на тоа, судијката одбила да го прифати признанието, наведувајќи дека не е убедена оти обвинетиот ја разбира природата на обвиненијата или последиците од признавањето вина.

Тој е задржан во притвор до продолжување на правната постапка.

Ова не е прв случај патници да се соочат со казни поради слично однесување. Во јули минатата година, еден италијански државјанин доби условна казна за сличен коментар, како и еден словенечки државјанин кој се „шегувал“ за бомба за време на расправија околу рачниот багаж.

ИЗДВОЕНИ