недела, октомври 25, 2026
Дома БАЛКАН Додик не губи време: Честитки за студентите, благодарност до Вучиќ

Додик не губи време: Честитки за студентите, благодарност до Вучиќ

0

Милорад Додик се огласи по вонредните парламентарни избори во Србија, честитајќи ѝ ја победата на „Студентската листа“ и заблагодарувајќи му се на Александар Вучиќ за долгогодишната соработка и поддршка за Република Српска.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Додик наведе дека граѓаните на Србија и нејзините политички чинители, според неговите зборови, уште еднаш го покажале демократскиот карактер на еден од најстарите државотворни народи во Европа.

Тој упати посебна благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакнувајќи го неговиот однос кон Република Српска.

„Ова не беше само политичка поддршка – тоа беше разбирање за еден народ, за заедничка судбина и за заеднички интереси“, истакна Додик.

Тој наведе дека Република Српска и Србија ќе продолжат да дејствуваат усогласено и да одржуваат блиски односи, преку соработка и заемна поддршка, како на регионално, така и на меѓународно ниво.

„Зашто Србите од двете страни на Дрина се еден народ, и така ќе останат“, напиша Додик.

Објавата ја заврши со пораката: „Гласот на народот е глас Божји. Граѓаните на Република Српска и Србија го кажаа своето. Одиме напред – заедно.“

ИЗДВОЕНИ