недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ Техеран со порака до Вашингон: Нема откажување од правото на збогатување ураниум

Техеран со порака до Вашингон: Нема откажување од правото на збогатување ураниум

38
Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкија, изјави денеска дека Техеран нема да се откаже од своето право на збогатување ураниум, но дека е подготвен да понуди гаранции дека земјата нема да тежнее кон производство или поседување нуклеарно оружје.

„Она што Соединетите Американски Држави сакаат е тоа Иран да не прави атомска бомба. Тоа не е ништо ново, и исто така можеме писмено да изјавиме дека немаме намера да правиме бомба“, рече Пезешкијан, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Иранската делегација на преговорите ја предводи претседателот на парламентот, Мохамед Бабер Калибаф, и министерот за надворешни работи, Абас Аракчи, додека американската делегација ја предводи потпретседателот, Џеј ди Венс, а во неа се и американскиот специјален претставник, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп“, Џаред Кушнер.

Се очекува во разговорите да учествуваат и пакистанскиот премиер, Шехбас Шариф и началникот на војската, Асим Мунир, како и катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулархман бин Џасин ал Тани.

ИЗДВОЕНИ