недела, јуни 21, 2026
Дома МАГАЗИН Турција ја доби најдолгата и најбрза метро линија: Возовите во Истанбул јуришаат...

Турција ја доби најдолгата и најбрза метро линија: Возовите во Истанбул јуришаат со 120 километри на час, а до аеродромот се стигнува за половина час

450

Во Истанбул е отворена комплетно најдолгата и најбрза  метро линија во Турција. Станува збор за една од најдолгите метро линии во светот. Ги поврзува центарот на Истанбул и неговиот главен аеродром.

Последната делница на метро линијата Халкали – Арнавуткој, која е долга 22 километри, беше пуштена во саботата. Делницата е дел од метро линијата Гајертепе – аеродром Истанбул – Халкали. На маршрутата долга 69 километри се наоѓаат 16 станици.

Претходните делници, долги 47 километри, се последователно пуштени во работа во последните години.

На оваа линија ќе сообраќаат 25 воза, од кои 15 целосно без возачи, со брзина до 120 километри на час.

Изградбата на оваа метро линија чинеше 1,5 милијарди евра. Турската Влада процени дека овој проект до 2043 година ќе генерира економска корист од 935 милиони евра, првенствено преку пониските трошоци за одржување на патиштата и пониските оперативни трошоци.

Покрај тоа, се претпоставува дека намалувањето на сообраќајниот метеж ќе им заштеди на патниците 117 милиони часа до 2047 година, пишува весникот „Дејли Сабах“.

 

ИЗДВОЕНИ