Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силни електрични празнења и засилен северен ветер.
Од УХМР упатуваат апел до граѓаните за будност и претпазливост поради реалните услови за појава на град во повеќе котлини низ земјава.
Денеска, сепак, времето ќе се задржи сончево, со максимални температури кои на југот и во Скопје ќе се искачат до високи 36 степени.
„Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец“, соопштија од УХМР.












