четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Татко брутално го претепал детето, ќе оди во притвор

Татко брутално го претепал детето, ќе оди во притвор

Насилството во семејството е исто во секој дом, разликата е во тоа дали жртвата ќе се спаси и кој ќе и помогне во тоа. Вчера, Обвинителството објави дека ќе го гони 45 годишниот охриѓанец за три кривични дела, Телесна повреда, Загрозување на сигурноста  и Неизвршување на судска одлука од КЗ. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го подигнал од подот“, го опишува ЈО ѕверскиот чин на таткото. Но, жртви на семејното насилство не биле само децата, жената преживувала секојдневни малтретирања и закани дека ќе ја убие. Од полицијата ги уверуваат жртвите на семејно насилство дека ќе им биде помогнато кога ќе се јават за помош. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека по неговата наредба за постапување, жртвите се охрабриле и има по две до три пријави дневно.

719
Семејното насилство тема на пратенички прашања, министерот уверува жртвите добиваат полициска помош

Ново насилство во домот, татко брутално го претепал десетгодишниот син, а на мајката и се заканувал по живот, иако бил под судски мерки со забрана да не и се заканува на жената и да не ги тепа двете деца. Обвинителството го гони 45 годишниот охриѓанец за три кривични дела, Телесна повреда, Загрозување на сигурноста  и Неизвршување на судска одлука од КЗ.

„Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го подигнал од подот“, го опишува ЈО ѕверскиот чин на таткото. Но, жртви на семејното насилство не биле само децата, жената преживувала секојдневни малтретирања и закани дека ќе ја убие.

„Ваквото семејно насилство осомничениот го вршел иако имал активно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането физички и психички да ја малтретира сопругата и двете малолетни деца. Изречените судски забрани тој не ги почитувал, а поради очигледната намера да ги повторува дејствијата на семејно насилство, како и поради ризикот од бегство, јавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор“.

Од полицијата ги уверуваат жртвите на семејно насилство дека ќе им биде помогнато кога ќе се јават за помош. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека по неговата наредба за постапување, жртвите се охрабриле и има по две до три пријави дневно.

Тошковски: ќе има санкции за полицајците кои не постапувале во случајот Ивана

Насилството во семејството е исто во секој дом, разликата е во тоа дали жртвата ќе се спаси и кој ќе и помогне во тоа. Неодамнешната трагедија во скопско Тафталиџе и полициското (не)постапување по пријавите на Ивана Јовановска беше едно од пратеничките прашања на Сања Лукаревска. Го праша Тошковски дали внатрешната контрола на МВР ги санкционираше полицајците во случајот со Ивана.

„Дали има суспендирано полицајци, дали има индивидуална одговорност, кривична за она што морале а не го превземале во овој трагичен случај, праша Лукаревска. На ова министерот одоговори да се погледнат во огледало и да видат што како поранешна власт направиле за жртвите од семејното насилство.

„Што вие го откоренивте па сега се врати, денеска жртвите се охрабрени и пријавуваат. Дали имало грешки во постапувањето за конкретниот случај- да, дали има полицајци што пропуштиле надзор -да, но за разлика од претходно сега одделот за внтарешна контрола постапува неселективно. Утврдуваме име и презиме и ќе го санкционираме“, Тошковски и порача на Лукаревска да не прави обланда обвиена со политички препукувања. Таа му возврати дека борбата против семејното насилство не треба да препознава партиска боја.

„Не правам пи-ар и нема да дозволам да ми се испревртува прашањето за ефтини поени, реплицираше пратеничката од СДСМ и потсети дека токму владејачкото мнозинство не даде зелено светло за електорнска наракцица за предупредување на жртвите дека насилникот им е во близина од 100 метри.

Кодови за помош и GPS-алки – заштита во практика

„Додека во Европа се користат кодови за да се пријави и препознае насилство, кај нас не може да се стави во функција електронска нараквица за следење на сторителот на насилство при изречена времена мерка забрана за приближување до жртвата.  ,,Немале пари” за едукација на кадар, а впрочем се изрекува со одлука на суд, напиша пратеничката Моника Зајкова на својот ФБ профил.

Во Европа, електронските нараквици (GPS-алка) сè почесто се користат како мерка за спречување на семејно насилство и контрола на забраната за приближување, но примената значително варира од држава до држава. Во Романија, на пример, во првата година од примената (2024–2025) биле поставени 5.126 електронски нараквици кај сторители на семејно насилство, што се смета за значаен чекор во заштитата на жртвите. Во Косово, пак, во период од девет месеци во 2025 година, 30 лица биле под електронски надзор, сите во случаи на семејно насилство.

Според Советот на Европа, електронскиот надзор најчесто се користи во комбинација со судски мерки како што се забрана за приближување или контакт, при што системот автоматски алармира ако сторителот се доближи до жртвата.

Сепак, податоците покажуваат дека и покрај воведувањето, оваа мерка не се користи доволно широко.

Во повеќе европски земји и ширум светот, жртвите на семејно насилство користат дискретни „кодови“ и сигнали за да побараат помош во јавност без да го алармираат насилникот. Најпознат е т.н. „Signal for Help“ – гест со раката при кој дланката се покажува, палецот се вовлекува внатре, а потоа прстите се затвораат врз него, симболизирајќи дека лицето е во опасност и бара помош. Овој знак се користи во ситуации кога жртвата не може јавно да зборува. Покрај тоа, во некои држави постојат и вербални кодови. Во Франција и Шпанија, на пример, во аптеки се користеше кодниот збор „Mask 19“, со кој жените дискретно сигнализираа дека се жртви на насилство, по што персоналот веднаш повикуваше полиција. Слични практики беа воведени и во други европски земји, особено за време на пандемијата, кога жртвите беа почесто затворени со насилниците.

Експертите посочуваат дека ваквите сигнали можат да спасат живот, но истовремено е неопходна голема јавна информираност за да граѓаните знаат како да ги препознаат и соодветно да реагираат. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ