четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Путин: Веќе се проценува, последиците од конфликтот на Блискиот Исток ќе бидат...

Путин: Веќе се проценува, последиците од конфликтот на Блискиот Исток ќе бидат како по коронавирусот

141
EPA/PAVEL BEDNYAKOV / AP POOL

Рускиот претседател Владимир Путин денес на Конгресот на руските индустријалци и претприемачи изјави оти слушнал дека „проценките за последиците од конфликтот на Блискиот Исток можат да се споредат со епидемијата на коронавирус“.

Сепак, рускиот лидер нагласи дека последиците од конфликтот е тешко да се предвидат.

„Вооружениот конфликт на Блискиот Исток сè повеќе влијае на моменталната ситуација и предизвикува значителна штета на меѓународните логистички, производствени и соработнички синџири“, нагласи шефот на руската држава.

Путин истакна дека под напад се цели индустрии вклучени во екстракција и преработка на јаглеводороди, метали, ѓубрива и многу други стоки и производи.

„Последиците од конфликтот на Блискиот Исток сè уште е тешко точно да се предвидат. Верувам дека оние кои самите се вклучени во конфликтот не можат ништо да предвидат“, истакна рускиот лидер.

Според него, веќе постојат проценки дека последиците од конфликтот можат да се споредат со епидемијата на коронавирус.

„Ова, дозволете ми да ве потсетам, нагло го забави развојот на секој регион и континент без исклучок“, забележа рускиот претседател.

ИЗДВОЕНИ