среда, септември 9, 2026
Дома МАГАЗИН ВИ ги „облече“ вселенските сили на САД: Трамп ги покажа новите униформи...

ВИ ги „облече“ вселенските сили на САД: Трамп ги покажа новите униформи – дизајнот има нацистичка естетика/ФОТО

0
Foto: Printscreen/YouTube

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ги објави првите визуелни снимки од новите униформи за американските вселенски сили на својата социјална мрежа Truth Social, инспирирани од научно-фантастичниот филм од 1997 година „Ѕtarship troopers“.

Илустрациите, за кои аналитичарите тврдат дека се очигледно генерирани од вештачка интелигенција, доведоа до бројни споредби со униформите што ги носеле членовите на единиците на СС за време на Втората светска војна. Објавените дизајни прикажуваат облека во нијанси како „вселенско сива“, „полноќно црна“, „сребрено сива“ и „сатенско црна“.

Приложениот опис на сликите објаснува дека униформите се „инспирирани од дисциплината и функционалноста на униформата на вселенскиот војници“ и дека се „модернизирани за чуварите на вселенскиот домен“. Амблемот на вселенските сили е поставен на капата, џебот од јакната, реверот, на ракавите и еполетите, пишува британскиот портал LBC.

„Фашисти кои не се свесни за својот фашизам“
Филмот, во режија на Пол Верховен, кој послужи како модел за прикажаниот дизајн, самиот се потпираше на естетика инспирирана од нацистите. „Вашингтон пост“ напиша во својата рецензија од 1997 година дека филмот содржи „очигледни влијанија од нацистичката мода“, забележувајќи ја „црната кошула, палтото и капата во стилот на СС“ што ги носеше актерот Нил Патрик Харис.

Зборувајќи за позадината на филмот во интервју за „Гардијан“ во 2022 година, Верховен рече: „Решив да направам филм за фашисти кои не се свесни за својот фашизам“, додавајќи дека заплетот е за „американската политика“.

Патем, Трамп ги основа Вселенските сили на САД во 2019 година, по што во рок од неколку месеци на платформата на Apple TV беше објавена комедија серија со исто име, со Стив Карел во главната улога, а најновите најави повторно го привлекоа вниманието кон визуелниот идентитет на оваа воена гранка.

Foto: Truth Social
Foto: Printscreen/YouTube

ИЗДВОЕНИ