четврток, јуни 11, 2026
Дома СПОРТ КОШАРКА Тага и солзи во Арената – Партизан и „гробарите“ се збогуваа со...

Тага и солзи во Арената – Партизан и „гробарите“ се збогуваа со Душко Вујошевиќ/ВИДЕО

390

Кошаркарскиот клуб Партизан и „гробарите“ се збогуваа со Душко Вујошевиќ во Белградската Арена. Книга на жалост беше отворена и пред арената во текот на денот, а навивачите ќе можат да се потпишат и во сабота од 11 до 16 часот.

Целата Арена, пред натпреварот против Жалгирис во претпоследното коло од Евролигата, му оддаде почит на најтрофејниот тренер на црно-белите, кој почина на 68-годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by B92 Sport (@b92.sport)

По претставувањето на играчите, на големото платно беше прикажан краток филм за Душко Вујошевиќ. Во тој момент, навивачите ја осветлија најголемата сала во Србија.

Сè изгледаше многу емотивно, толку многу што луѓето во Арената не можеа да ги сокријат солзите и тагата поради големата загуба…

Следеше песната „Да волим црно-беле…“, а пред почетокот на самиот натпревар, беше одржана минута молчење во знак на почит кон Вујошевиќ.

Се слушаше и скандирањето „Вујошевиќ Дуле“, кое траеше неколку минути без прекин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by B92 Sport (@b92.sport)

ИЗДВОЕНИ