четврток, јуни 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мисајловски: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува врвен приоритет

Мисајловски: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува врвен приоритет

52

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во рамки на работната посета на САД, остварил серија средби насочени кон зајакнување на македонските одбранбени капацитети и продлабочување на партнерството со Вашингтон.

На средбата со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка, Мајк Милер, разговарале за досегашната успешна соработка меѓу двете држави во областа на одбраната, која се реализира преку програмите за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансирање, опрема и поддршка за сојузничките земји.

Мисајловски најави дека претстои нова набавка за развојот на македонските вооружени сили.

„Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет, имајќи ја предвид нивната клучна улога во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста на регионот“, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Тој додаде дека во следниот период предвидени се нови набавки насочени кон модернизација и јакнење на капацитетите на Армијата.

„Соработката со нашиот стратешки партнер САД продолжува со засилено темпо, со јасна заедничка определба за понатамошен развој и унапредување на одбранбениот сектор“, порача Мисајловски.

ИЗДВОЕНИ