Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, која беше кандидатка на демократите за претседателските избори во САД во 2024 година, изјави дека размислува повторно да се кандидира на претседателските избори во 2028 година.
Кога беше директно прашана на состанокот на Националната мрежа за акција, организација за граѓански права основана од свештеникот Ал Шарптон, дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори во 2028 година, Харис рече дека „размислува за тоа“, пренесе Ројтерс.
„Можеби, можеби. Размислувам за тоа, размислувам за тоа“, рече Харис на еден настан во Њујорк.
Таа додаде дека ќе ја разгледа кандидатурата во контекст на тоа кој најдобро би можел да ја извршува функцијата претседател во 2028 година „за американскиот народ“.
Харис, која беше потпретседател под поранешниот американски претседател Џо Бајден, ги загуби изборите во 2024 година од сегашниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Танјуг.












