Општина Карпош субвенционира купување велосипед, трицикл или карго велосипеди. За таа цел објави и јавен повик.
Од Општината информираат дека ќе се субвенционира 30 % од цената или во максимален финансиски износ најмногу до 5.000 денари.
Право на субвенционирање ќе има секој полнолетен жител на Општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед, трицикл или карго велосипеди започнувајќи од денот на објавување на повикот.
Оваа акција ќе трае до исцрпување на средствата, а ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“. Правото на субвенција е еднократно.












