Студентскиот „Рејџ“ во режија на Фран Морено Бланко и Санти Пујол Амат, е прогласен за најдобар во сите натпреварувачки категории на 10. јубилејно издание на фестивалот за краток филм „Дрим шорт“. Наградата од публика му е доделена на филмот „The bench“ во режија на Трифун Ситниковски.
За изборот на најдобри филмови одлучуваше жири-комисија во состав Масимилијано Нардули (сценарист), Верица Недеска (актерка) и Гледис Бица (режисер).
Специјалното признание во студентската натпреварувачка програма, како што информираат, му е доделено на „How to fall out of love“ во режија на Варвара Заритска. Специјалното признание во оваа категорија му припадна на „Positive vibes“, во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ. За најдобар филм во националната натпреварувачка програма е избран „Mushrooms grow in memory“, во режија на Ханис Багашов.
Специјалното признание во регионалната натпреварувачка програма, според информацијата, го доби „Imaginary numbers“, во режија на Јелица Јериниќ, а најдобар филм „What if the sky sees us?“, во режија на Кристин Абу Зеин.
Специјалното признание во специјалната програма „Соочување со минатото“, посочуваат, му е доделено на „Intersecting memory“, во режија на Шајма Ававдех, додека најдобар филм во таа програма е „Slet 1988“, во режија на Марта Попивода. Најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма е „Wonderwall“, во режија на Роисин Брнс.







![[Разговор] Ана Франговска: Галичник никого не остава рамнодушен, годинава е во центарот на уметничката креација](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/08/ana-frangovskae-218x150.jpg)




