среда, јули 29, 2026
Дома СВЕТ Стоп за Киев: Унгарија блокира два кластери во преговорите на Украина за ЕУ

Стоп за Киев: Унгарија блокира два кластери во преговорите на Украина за ЕУ

1
EPA/Christine Olsson SWEDEN OUT

Унгарија го блокираше почетокот на разговорите за два кластери од преговорите за пристапување на Украина во ЕУ, кои се однесуваат на економски и социјални прашања, објави весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според весникот, одложено е отворањето на вториот и третиот кластер, кои ги опфаќаат интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ и проширувањето на економската и социјалната политика. Унгарија долго време се противи на забрзаното пристапување на Украина во ЕУ и тврди дека Киев не треба да има повластен третман во споредба со земјите од Балканот, кои со години се обидуваат да ги исполнат условите поставени од ЕУ за прием на нови членки.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ