сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стариот музички механизам од битолскиот градски часовник наскоро во Офицерскиот дом

Стариот музички механизам од битолскиот градски часовник наскоро во Офицерскиот дом

35

Стариот музички механизам на градскиот часовник во Битола наскоро ќе биде јавно изложен во музичката соба што се подготвува во битолскиот Офицерски дом.

Стариот музички механизам откриен при новинарско истражување и долги години оставен во внатрешноста на битолскиот градски часовник, Општина Битола ќе му го донира на Културно-информативниот центар (КИЦ) Битола, каде што целосно ќе биде заштитен, достапен на јавноста и со соодветен информативен агол за улогата што ја имал со децении во овој град.

Како што е познато, до замената со нов современ музички механизам, стариот музички и историски вреден механизам се користеше за емитување македонски народни песни, кои одекнуваа од врвот на Саат-кулата, а денес, со новиот механизам, единствено се емитува песната на Ајри Демировски – „Битола мој роден крај“.

Музичката соба во битолскиот Офицерски дом, освен стари експонати, ќе содржи и музички плочи, информации од музичката историја на градот, како и агол за преслушување песни посветени на Битола.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ