сабота, јуни 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од утре, точакот под мишка и терајте пролет: Почнаа редиците на бензинските...

Од утре, точакот под мишка и терајте пролет: Почнаа редиците на бензинските пумпи по најавеното поскапување на горивата/ФОТО

839
Фото: Ѕ.Плавевски

Од полноќ, точењето гориво на бензинските пумпи во земјава, нема да чини исто како и во текот на денешниот ден, па затоа информираните ѓраѓани уште попладнево излегоа да си фатат ред и да си го решат гајлето, додека не секнала „чешмата“ и на бензинските и во џебот.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27 проценти во однос на претходната одлука од 2 март 2026 година.

Според новата пресметка, која ќе важи од утре од 00:01 часот, цените на горивата значително се зголемуваат како резултат на растот на референтните цени на светските пазари. Податоците покажуваат дека бензините бележат раст од 13,384 проценти, додека цената на дизелот е зголемена за дури 36,134 проценти. Кај екстра лесното масло растот изнесува 32,102 проценти, а кај мазутот 27,870 проценти.

Фото:Ѕ. Плавевски

ИЗДВОЕНИ