Осумте порази на последните десет натпревари во сите три натпреварувања се причината поради која МЗТ Скопје се одлучи за промена на тренерската позиција. По заминувањето на Васко Атанасов на 30 октомври, македонскиот шампион е пред официјализација на новиот стратег. Изборот падна на српскиот стручњак Дејан Мијатовиќ, со кого, според информациите, веќе се договорени главните детали од соработката. Се очекува тој да го преземе тимот до крајот на сезоната, а официјалната потврда би требало да пристигне во текот на денот.

Пред Мијатовиќ е тешка задача – да ја прекине резултатската криза, да го стабилизира тимот и да го врати МЗТ на победничките патеки.

Српскиот тренер има искуство од регионалната кошарка, а во минатото работел и како асистент во Партизан. Неговиот последен самостоен ангажман беше во Борац Чачак, клуб кој во сезоната 2022/23 директно се бореше со МЗТ за опстанок во АБА-лигата.

Дебито на новиот тренер се очекува викендов, на домашниот натпревар против Штип.

ИЗДВОЕНИ