„Google“ го одби барањето на британската влада за отстранување на видео од „YouTube“ во кое се појавува актерот Расел Бренд, а во кое неговата сопруга Лора чита негова изјава во која тој тврди дека е невин.
На 9 ноември, Бренд (51) беше осуден на 10,5 години затвор, откако беше прогласен за виновен по една точка за силување и три точки за сексуален напад.
По објавувањето на видеото, од „Даунинг стрит“ го оценија истото како „очигледно ужасно“, а Министерството за правда покрена истрага за да утврди дали се прекршени одредени правила, пренесува „Sky News“.












