четврток, ноември 19, 2026
Дома СВЕТ Демонстранти се залепија за асфалтот во Берлин/ВИДЕО

Демонстранти се залепија за асфалтот во Берлин/ВИДЕО

0
Screenshot/X/Video

Невообичаени сцени се одвиваа утрово, во Берлин, каде што 47 демонстранти блокираа шест раскрсници. Некои од демонстрантите се залепија за асфалтот, принудувајќи ги полицајците да интервенираат и да ги одлепат од површината на патот.

Берлинската полиција соопшти дека интервенирала на неколку локации поради протестите и дека во тек е отстранување на демонстрантите од коловозите.

Според полицијата, собирот започнал околу 6:15 часот наутро. Полициските екипи работат на одлепување на поединците кои се залепиле за асфалтот и на нормализирање на сообраќајот.

Интервенцијата предизвика застој во сообраќајот во близина на улицата „Шерингштрасе“ (Scheringstraße), а полицијата им препорача на возачите, доколку е можно, да ја избегнуваат таа област.

Во берлинската населба Вединг се наоѓа објект на германскиот производител на оружје „Рајнметал“; пред оваа локација и претходно се организирале протести.

На пример, на 20 октомври, група активисти се залепија за коловозот пред објектот на „Рајнметал“ за да протестираат против испораката на германско оружје за Израел. Во таа прилика интервенираа околу 90 полицајци.

Засега, полицијата не прецизираше кој ги организира утринските блокади, ниту пак ги наведе барањата на демонстрантите, пренесува Index.hr.

ИЗДВОЕНИ