Андреа Кими Антонели ја живее сезоната од соништата во Формула 1. Италијанскиот возач во својата втора сезона во елитното натпреварување ја освои шампионската титула и испиша историја како најмлад светски шампион.

Антонели стигна до титулата со 390 освоени бода, а најимпресивен беше во првиот дел од сезоната. Во првите десет трки забележа шест победи, вклучувајќи и неверојатна серија од пет последователни триумфи од Кина до Монако.

Во продолжението од шампионатот имаше уште три победи, додека Ред Бул успеа да ја пронајде вистинската форма и да слави на три од последните пет трки. Макс Верстапен воедно се искачи на второто место во генералниот пласман, зад новиот шампион.

Иако сè уште ја слави големата титула, Антонели веќе размислува за предизвиците што го очекуваат во следната сезона. Италијанецот не крие дека Макс Верстапен ќе биде еден од најопасните ривали во неговата одбрана на тронот.

  • Ако треба да издвојам еден возач, би го кажал Макс Верстапен. Тој е оној што би можел да ми предизвика најмногу проблеми, изјави Антонели.

ИЗДВОЕНИ