Натпреварот меѓу Лос Анџелес клиперс и Оклахома остана во сенка на виралните снимки од трибините, а главна ѕвезда беше американската инфлуенсерка и модел, Британи Ренер. Таа пристигна на дуелот во друштво на Селина Пауел, привлекувајќи огромно внимание со своите провокативни црни комбинации.

Сепак, вистински хит стана фотографијата направена од фотографот на „Лос Анџелес тајмс“, Воли Скалиј. На неа се гледа како се враќа Британи кон своето место, додека гледачите зад неа не може да ја скријат својата реакција.

Особено внимание привлече една жена од публиката, чиј израз на лицето веднаш стана предмет на бројни шеги и коментари на социјалните мрежи. Фотографијата за кратко време се прошири на Интернет и многумина ја прогласија за еден од најсмешните моменти забележани на НБА-натпреварите.

Интересно, ниту самата Ренер не остана имуна на целото внимание, па ја сподели фотографијата и на социјалната мрежа „Икс“, со коментар: „Кој се облекува вака за на натпревар?…“

Британи се здоби со дополнителна популарност во спортската јавност и поради врската со НБА-кошаркарот П. Џ. Вашингтон, со кого има син.

ИЗДВОЕНИ