четврток, ноември 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полициска акција во Кочани: Одземени 197 парфеми од познати брендови, приведен 31-годишник

Полициска акција во Кочани: Одземени 197 парфеми од познати брендови, приведен 31-годишник

0

Речиси 200 парфеми од познати брендови, како и повеќе козметички и други производи без соодветна документација, биле пронајдени и одземени при полициски претрес во Кочани.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 18 ноември 2026 година, во 17:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода 31-годишниот А.Д. од Кочани.

Тој е осомничен за кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, предвидено во член 285 од Кривичниот законик.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 197 различни видови парфеми од познати брендови, како и повеќе козметички и други производи за кои осомничениот не поседувал документација.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ