петок, ноември 20, 2026
Дома СКОПСКА Гази Баба ќе доделува бесплатни садници за уредување на дворовите на зградите

Гази Баба ќе доделува бесплатни садници за уредување на дворовите на зградите

1

Општина Гази Баба објави јавен повик за бесплатни садници наменети за хортикултурно уредување на дворовите и на зелените површини во колективните станбени објекти.

Право на учество имаат управителите и овластените претставници на колективните станбени објекти, а барањата се поднесуваат во архивата на Општина Гази Баба.  Садниците и нивното садење ќе бидат поддржани од Општина Гази Баба и од ЈКП „Гази Баба 2007“, во соработка со управителите на станбените објекти.

– Со оваа иницијатива, создаваме можност станарите заеднички да ги разубават своите дворови, да насадат нов живот и да придонесат за поздрава и позелена животна средина – велат од Општината.

ИЗДВОЕНИ