Се реконструираат јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43.
Од Општина Аеродром информираат дека градежните активности се состојат во замена на старите и дотраени плочки со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните.
– Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 квадратни метри простор што секојдневно го користат жителите, создавајќи поуредена и пофункционална околина за сите – потенцираат од локалната самоуправа.
Проектот се реализира со поддршка од Владата и е во вредност од над 8,2 милиони денари.












