Момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ денес заврши со своето сведочење на повторното судење на неговите родители Милјана и Владимир Кецмановиќ, а медиумите објавуваат дека тој денес ги прилагодил своите одговори во корист на своите родители.
„Блиц“ објавува дека К.К. сведочел на суд цели 5 часа, а овој пат застанал во одбрана на својата мајка, која е обвинета за занемарување на дете.
Како што дознава медиумот, Коста.К. кој застрела девет деца и еден училишен чувар со истрели од пиштолот на својот татко, се држел до сведочењето што го дал минатиот пат, но сега неговите одговори се повеќе во корист на неговите родители, или поточно, ги прилагодил своите одговори за да бидат во одбрана на неговите родители.
Поточно, како што објави Информер, тој изјавил дека барањата на неговата мајка, Милјана Кецмановиќ, не влијаеле врз неговата одлука да го изврши масакрот на 3 мај, и дека тоа го сфатил дури сега бидејќи созреал.
Според изјавите од претходните сведочења, кога се соочил и со своите родители, ги обвинил за она што го сторил. Меѓу другото, рекол дека неговата мајка постојано му викала и вршела притисок да биде најдобар, и дека тоа влијаело врз него.
Во тоа време, тој рекол и дека да ги немал пиштолите на татко му, нема да не ги извршил убиствата.
Медиумите претходно објавија дека К.К. веднаш по доведувањето во судницата рекол дека стои зад сè што рекол за време на претходното судење.
К.К. инаку, во оваа постапка, која се води против неговите родители Милјана и Владимир Кецмановиќ, има статус на оштетена страна и има право да одбие да сведочи. Исто така, против него не се води постапка бидејќи бил малолетник во времето кога го сторил кривичното дело.
Ова судење беше затворено за јавноста по предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, со цел да се заштитат интересите на малолетниците и приватноста на оштетените, а постапката се повторува бидејќи Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќови беа осудени на повеќегодишни казни и наложи повторно судење.
Следното судење е закажано за 11 мај, кога треба да се прикажат фотографии и видео снимки како докази.












