сабота, октомври 31, 2026
Дома СВЕТ Страв од француско сценарио во Германија: Трговците ги заковаа излозите, се подготвуваат...

Страв од француско сценарио во Германија: Трговците ги заковаа излозите, се подготвуваат за можни немири и грабежи

207

Масовни демонстрации се најавени низ цела Германија за сабота, што ги натера трговците да се подготват за можни немири и грабежи.

Во срцето на Келн, многу трговци веќе ги обезбедија своите простории и ги заковаа прозорците. Главната причина е стравот од повторување на неодамнешното сценарио во Франција, каде што илјадници продавници беа ограбени и вандализирани за време на насилните протести.

Организацијата е поддржана од ново, децентрализирано младинско движење, а само на веб-страницата „Gen Z regelt“ (Генерацијата Z го решава проблемот), до четврток се регистрирале речиси 146.000 луѓе за учество во протестите.

Движењето успеа да мобилизира огромен број учесници преку социјалните медиуми, иако властите и медиумите истакнуваат дека останува да се види колку од оние што се регистрирале всушност ќе излезат на улиците на германските градови.

ИЗДВОЕНИ