Пред неколку дена, силен студен бран донесе обилни снежни врнежи во повисоките делови на Алпите, а снегот локално падна до 1600 метри. Наврна од 10 до 20 см, локално до 30 см, а зелените ливади беа покриени со снег преку ноќ.
Алпскиот регион денес беше погоден од нов силен облачен систем со обилни врнежи од дожд и силни грмотевици. Времето со дожд ќе трае три дена, а од време на време се очекуваат и грмотевици. Се очекува и значително заладување.
Во областите над 2000 метри повторно ќе врне снег, особено во четврток.
Снег прво ќе врне на Алпите во југоисточна Франција, а потоа во Швајцарските Алпи и Алпите во западна Австрија.
Во овие области се очекува да паднат 10 до 20 см снег, локално и повеќе.
Зимата ќе се врати накратко и ќе ја направи атмосферата навистина зимска, иако сме на еден чекор од летото. Во долните региони на Алпите се очекува вистинска есен и дождливо време, со температури од само 10 до 15 степени, па дури и пониски ноќе, а нултата изотерма ќе се спушти под 1800 метри.
Во исто време, северните делови на Италија, Словенија и западна Австрија ќе бидат погодени од силни грмотевици, кои ќе стигнат и до Македонија во петок. Овој систем е дел од многу изразен студен фронт, кој носи сериозно влошување на времето на својот пат и е дел од силен циклон од северна Европа, со центар сместен над јужна Скандинавија.












