петок, септември 11, 2026
Дома БАЛКАН „Слушнавме врисок и видовме крв, професорот му рече на ученикот да го...

„Слушнавме врисок и видовме крв, професорот му рече на ученикот да го спушти ножот“, сведочат учениците за нападот во Загреб

442
EPA/ANTONIO BAT

„Јас и моите пријатели бевме на првиот кат, околу три минути пред почетокот на часот, кога одеднаш слушнавме врисок. Некои луѓе се симнаа долу за да видат што се случува. Видоа крв на подот, а лицето што врескаше беше училишната хигиеничарка.“

Ова го раскажаа ученици од електротехничко училиште во Загреб, откако ученик од прва година средно училиште раноутрово со остар предмет избоде свој врсник, како и училишната хигиеничарка која се обиде да ја заштити жртвата.

Напаѓачот, чие име не е објавено бидејќи е малолетник, беше уапсен кратко по нападот, додека ученикот и хигиеничарката беа пренесени во болница. Според извештаите на хрватските медиуми, тој бил во конфликт со жртвата и претходниот ден го предупредил врсникот „да се чува“.

Повредениот ученик се здобил со длабоки рани и му е потребна операција, но не е во животна опасност, додека повредите на хигиеничарката се нешто полесни.

Според еден ученик кој во моментот на инцидентот бил на првиот кат со соучениците, тие слушнале врисок и набрзо ја виделе хигиеничарката како вреска.

„Колку што се сеќавам, ми кажаа дека пристигнал нашиот одделенски раководител – професор – зел стол, го кренал во воздух и му рекол на напаѓачот да го спушти ножот. Го видовме него [напаѓачот], а некои луѓе дури и го снимаа. Кога го уапсија, тој седеше во аголот. Полицијата пристигна прилично брзо, во рок од 10 до 15 минути, а потоа го одведе“, рече ученикот, раскажувајќи ги драматичните детали.

Тој додаде дека не ги познавал ниту жртвата, ниту напаѓачот. „Во еден момент помислив дека жртвата е еден од моите другари, но се испостави дека тој е добро“, рече тој.

Според него, наставниците им рекле на сите да влезат во училниците и да не излегуваат.

„Ни ја пружија сета можна помош во дадените околности“, изјави ученикот за Index.

Се откриваат детали за нападот во училиштето во Загреб: Ученикот се здобил со тешки убодни рани

 

Откриен мотивот за нападот во училиштето во Загреб?!

ИЗДВОЕНИ