Министерството за здравство на Хрватска се огласи по инцидентот во Електротехничкото училиште во Загреб, во кој ученик со остар предмет повредил друг ученик и работничка во училиштето. Според информациите од Министерството, медицинските екипи брзо пристигнале на местото на настанот и им пружиле помош на повредените. Две лица се пренесени во болници – едното во КБЦ „Сестри милосрднички“, а другото во КБЦ Загреб.
„Медицинските тимови веднаш излегоа на терен и ги згрижија сите на кои им беше потребна здравствена помош. Две повредени лица се пренесени во болнички установи, КБЦ ‘Сестри милосрднички’ и КБЦ Загреб.
Кај детето е завршена првичната дијагностичка обработка и поради подлабоки убодни рани е индициран оперативен зафат. Повредената работничка во установата моментално е во дијагностичка обработка поради повеќе површински убодни рани. Двете повредени лица во овој момент имаат зачувани животни функции“, се наведува во соопштението на Министерството.
Од Министерството на повредените им посакаа брзо закрепнување и порачаа дека здравствениот систем ќе им ја пружи потребната медицинска и дополнителна поддршка.
„Им благодариме на здравствените работници и на итните служби за брзата и професионална реакција“, заклучија тие.
Инцидентот се случил во петок наутро, околу 8 часот, во воспитано-образовна установа на улицата Конавонска во Загреб.
Загрепската полиција соопшти дека ученик со остар предмет повредил друг ученик и вработена во училиштето. Ученикот кој го предизвикал инцидентот се наоѓа под полициски надзор.
На местото на настанот се спроведуваат криминалистичко истражување и увид за да се утврдат сите околности на случајот.
„Во воспитано-образовна установа на улицата Конавонска во Загреб утрово дојде до инцидент во кој ученик со остар предмет повреди друг ученик и вработена“, наведе полицијата.
Повеќе информации за мотивите и околностите на настанот ќе бидат познати по завршувањето на полициската постапка.











