Десетици илјади поддржувачи на „Студентската листа“ – која извојува победа на вчерашните вонредни парламентарни избори – вечерва, втор ден по ред, ја слават таа победа на плоштадот Славија во Белград.
Толпата го исполни плоштадот „Славија“ и околните улици, славејќи ја победата со песни, скандирање, честа употреба на факели и огномет.
Многумина во толпата веат знамиња, претежно српски тробојки.
View this post on Instagram
Поддржувачите на „Студентската листа“ почнаа да се собираат околу кружниот тек на Славија и фонтаната во неговиот центар околу 18:00 часот, а половина час подоцна, илјадници луѓе излегоа на коловозот.
Претходно денеска, студентите вклучени во блокадата повикаа на собир на „Славија“, со најавен почеток во 19:00 часот.
„Нека пее оваа Славија, нека почне орото. Се гледаме денес“, стои во објава на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Листата „Студентите победуваат“ извојува победа на вчерашните вонредни парламентарни избори во Србија и ќе има приближно 141 пратеничко место во новиот парламент, пренесува „Бета“.
View this post on Instagram












