Македонија и Турција договорија воспоставување директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, која треба да придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји и полесно патување за граѓаните и за бизнис-заедницата.
Информацијата ја соопшти турскиот министер за трговија, Омер Болат, по средбите со македонската делегација во Истанбул.
– Веруваме дека директните летови на „AJet“ на релација Анкара – Скопје ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји – напиша Болат.
Договорот е постигнат во рамките на разговорите меѓу владините претставници на Македонија и на Турција, при што беше нагласена потребата од унапредување на економската соработка и на транспортната поврзаност.
Новата авиолинија треба да овозможи побрзо и поедноставно патување меѓу главните градови на двете земји, а од неа се очекува дополнителен поттик за развој на туризмот, бизнис-контактите и на инвестициите.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








