петок, јули 31, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од есен ќе почне изградбата на брзата пруга на Коридорот 10

Од есен ќе почне изградбата на брзата пруга на Коридорот 10

38

Студиите за брзата пруга на Коридорот 10 треба да бидат завршени најдоцна до јули, по што Владата ќе предложи закон во Собранието, а од есен би можеле да започнат градежните активности на терен, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека физибилити студијата и студијата за оцена на влијанието врз животната средина се во завршна фаза и оти проектот ќе се реализира во рамките на договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

– Од есен можеме да започнеме на терен, по принципот на жолт фидик. Ќе има брза пруга на Коридорот 10, која ќе ги поврзе северната и јужната граница на државата – рече Мицкоски.

Тој повторно ги отфрли тврдењата на СДСМ дека договорот со Обединетото Кралство е поврзан со прифаќање мигранти, нагласувајќи дека нема такво нешто, ниту ќе има.

Осврнувајќи се на критиките од СДСМ и од пратеникот Фатмир Битиќи за економските показатели, Мицкоски рече дека Владата не манипулира со податоците и се повика на бројки од Меѓународниот монетарен фонд.

Според него, номиналната вредност на БДП во изминатите две години е за 560 милиони долари поголема отколку за седумте години на претходната влада, а тоа е постигнато со трипати помало задолжување.

– Тоа се бројки што ги потврдува и ММФ, вклучително и во последниот извештај, кој е историски најдобриот што го добила Македонија од независноста досега – изјави Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ