сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА „Скопје – европска престолнина на културата 2028: обликување на иднината на Скопје“

„Скопје – европска престолнина на културата 2028: обликување на иднината на Скопје“

200

„Скопје – европска престолнина на културата 2028: обликување на иднината на Скопје“ е меѓународен настан што ќе се одржи в четврток, во хотелот „Александар палас“.

Како што истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, настанот ќе ги обедини водечките институции, градоначалниците, европските партнери, експертите, универзитетите и претставниците на меѓународните организации, со цел да се отвори суштински и стратешки дијалог за иднината на градот.

– Фокусот ќе биде ставен на современите урбани политики, динамичниот културен развој и на примената на одржливите европски практики, кои ќе придонесат за создавање поиновативно, инклузивно и просперитетно Скопје. Ова е можност за размена на идеи, визии и искуства, но и за градење силно партнерство што ќе ја обликува европската перспектива на нашиот град – нагласи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ