сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Сите летови на авиокомпанијата „Емирати ерлајнс“ до и од Дубаи се прекинати...

Сите летови на авиокомпанијата „Емирати ерлајнс“ до и од Дубаи се прекинати на неодредено време

580
Фото:википедија

„Емирејтс ерлајнс“ ги прекина летовите до и од Дубаи до понатамошно известување, соопшти превозникот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„Ве молиме не одете на аеродромот. „Емирејтс“ ќе даде ажурирања штом ќе бидат достапни“, се вели во соопштението, како што пренесе парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

Владата на Дубаи рано утрово соопшти дека имало инцидент на аеродромот откако остатоци од пресретнат авион паднале над аеродромот.

Во инцидентот нема повредени, додека аеродромите во Дубаи соопштија дека привремено го прекинале сообраќајот.

И „Гардијан“ известува дека утрово во Дубаи се слушнале две експлозии, додека Иран ги продолжува своите одмазднички напади врз земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американските бази, објавува „Танјуг“.

Претходно, ограничени услуги беа извршени од Дубаи и Абу Даби преку безбедни воздушни коридори, објави „Ројтерс“.

ИЗДВОЕНИ