Поранешниот шампион на Ролан Гарос од 1976 година, Адријано Паната, го анализираше големото финале на Мастерсот во Монте Карло и истакна дека клучот за триумфот на Јаник Синер над Карлос Алкараз бил – менталната сила. Паната верува дека Италијанецот е секогаш стопроцентен, додека истото не може да се каже за Шпанецот.

Ментално, Јаник е секогаш стопроцентен. Карлос речиси никогаш. Тој секогаш има психолошки осцилации што ги нема Синер и скапо плаќа за тоа“, изјави Паната за италијанските медиуми.

Според него, токму овој сегмент од играта ја одлучи битката за трофејот во Монте Карло, но ќе претставува и сериозна предност за Италијанците во идните натпревари.

Ако ги погледнеме ударите, Јаник има подобар бекхенд, многу подобар од Карлос. Неговиот сервис беше малку подобар во Монако. Карлос е подобар на мрежата, има и многу подобар дропшот, се движи подобро. Но, како тогаш Синер победи? Бидејќи е ментално посилен. Во вториот сет, тој целосно го скрши психолошки. Беше како Синер да седеше на стол и да го гледаше финалето од таму.“

Паната отиде чекор понатаму, правејќи интересна споредба со најголемите имиња во светскиот тенис.

За мене, Јаник е психолошки посилен од Новак Ѓоковиќ, бидејќи Ноле понекогаш крши рекети. Заедно со Бјорн Борг, тој е најсилниот во историјата. Рафаел Надал беше психолошки многу силен, но покажуваше нервоза кога ситуацијата стануваше тешка. Синер изгледа целосно флегматичен и никогаш не се вознемирува.“

Италијанецот исто така верува дека со победата во Монте Карло, Синер го стигнал Алкараз кога станува збор за играње на земјена подлога.

Нема разлика меѓу нив на оваа подлога, барем на Мастерсот. Ќе видиме што ќе се случи на Ролан Гарос.“

Паната, исто така, посочи на надворешните услови кои, според него, повеќе му одговараа на Синер.

Играта на Синер е постабилна и полинеарна и е полесна при силен ветер“, објасни тој.

Покрај тоа, Италијанецот дополнително ја консолидираше својата позиција на врвот на АТП листата, а разликата со Алкараз наскоро би можела да се зголеми, иако Паната верува дека двајцата ќе се менуваат на врвот на светскиот тенис.

Една недела Синер ќе биде прв, следната Алкараз и така натаму. Моето мислење е дека треба да ја запреме таа непотребна приказна и да ги изедначиме двајцата на врвот, да го делиме првото место“, рече Паната.

ИЗДВОЕНИ