Хрватски државјанин се води како исчезнат по потонувањето на нафтена платформа во водите кај Габон, соопштија за агенцијата „Хина“ од Министерството за надворешни и европски работи (МВЕП).
Нафтена платформа, сопственост на компанијата „Бор дрилинг“ (Borr Drilling), ја изгубила стабилноста и потонала во саботата вечерта. Во моментот на несреќата, на платформата имало 115 вработени, 110 се спасени, додека петмина се водат како исчезнати.
🇬🇦🚨 DRAME — Une plateforme de forage a SOMBRÉ au large du Gabon après un incident lors du préchargement.
Sur 115 personnes à bord, 110 ont été secourues, 1 personne est décédée et 4 travailleurs restent PORTÉS DISPARUS. ⚠️🛟 pic.twitter.com/XjkmknywCk
— KRONIK Insights (@KRONIKInsights) October 26, 2026
Според досега достапните информации, меѓу исчезнатите има и еден хрватски државјанин, наведоа од Министерството.
Хрватската амбасада во Мароко, која е надлежна и за Габон, е во контакт со надлежните органи и презема соодветни дипломатски и конзуларни чекори за да се утврдат сите околности поврзани со инцидентот, додадоа од Министерството.
Од Министерството и од Амбасадата во Рабат наведоа дека се во контакт со семејството на исчезнатиот хрватски државјанин и дека продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата, како и операциите за потрага.












