четврток, јули 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Силно невреме во Македонија: Пороен дожд и град паѓаше во Вевчани/ВИДЕО

Силно невреме во Македонија: Пороен дожд и град паѓаше во Вевчани/ВИДЕО

427

Територијата на Македонија во текот на денешниот ден се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето е променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради очекуваните ваквите поинтензивни атмосферски процеси метеорологот Славчо Попоски апелираше на поголема внимателност.

Во Скопје и околината исто така, денеска забележавме променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Како што претходно најави Попоски, во делови од котлината имаше услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на денешниот ден во Македонија се искачуваа во интервалот од 21 до 28 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура денес се искачи до околу 25 степени.

ИЗДВОЕНИ