39-годишен маж почина по напад од ајкула во северен Квинсленд во близина на Хал Хедс, објавија денес австралиските медиуми.
Итни служби беа повикани на рампата за чамци на реката Хал кратко по 12:00 часот попладне откако добија пријави за напад од ајкула, а ајкулата најверојатно нападнала 39-годишен маж во близина на Кенеди Шоул, објави ABC News.
Откако беше извлечен од водата, мажот почина од повредите, соопшти локалната полиција на Квинсленд.












